На ден 4 и 5 декември се одржа конференција за примената на Законот за кривична постапка: 10 години предности и предизвици организирана од страна на ОБСЕ Мисијата во Скопје со поддршка на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, Здружение на јавни обвинители на Република Северна Македонија и Здружение за кривично право и криминологија. На настанот учествуваа судии, членови на Управен одбор на Здружение на судиите, обвинители, академици и практичари кои имаа суштинска дискусија, истражувајќи ги предизвиците и поуките од донесувањето на Законот во декември 2013 година.
Панелистите имаа краток осврт на најзначајни придобивки и најчести предизвици од примената на ЗКП во повеќе фаза од постапката и тоа:
- Претходна постапка
- Оцена на обвинение – предизвици од практиката
- Спогодување во кривичната постапка
- Главна расправа
- Постапка по редовни правни лекови
- Постапка по вонредни правни лекови и
- Скратена постапка
Овие дискусии целеа кон вредни препораки за тековната реформа на Законот за кривичната постапка.
|