Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗСРМ ВО ВРСКА СО СОСТОЈБИТЕ СО ПЛАТИТЕ ВО СУДСТВОТО
 
March 20, 2017
 

Тргнувајки од постојаните залагања на ЗСРМ, во однос на заштитата на достоинството и угледот на судијата и судиската функција, како и заштитата на материјалните и професионални интереси на судиите, а согласно заклучоците од последното Собрание, Управниот одбор усвои работен документ -Анализа за состојбите со финансирањето на судството, платите, пензионирањето и други статусни прашања на судиите.

Согласно горните начелни определби, а во контекст на последните зголемувања на платите во Јавното обвинителство, претседателот на Здружението, на 13.3.2017 година, оствари средба со министерот за правда, на која беше побарано објаснување за покачувањето на платите во јавното обвинителство и истовремено беше пренесено незадоволството на судиите за состојбите со платите и нивната несразмерност со платите во јавното обвинителство.

Во согласност со Заклучок на седницата на Управниот одбор одржана на 17.3.2017 година, претседателот на Здружението, по писмен пат се обрати до претседателот на Врховен суд на РМ, претседателот на Судски Совет на РМ и Судски буџетски совет, и министерот за правда на РМ, со барање во рамките на нивните законски надлежности да преземат соодветни дејствија со цел да се отвори вистински дијалог помеѓу надлежните институции и Здружението, со цел изнаоѓање на соодветно решение за платите во судството.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)