На 24 и 25 Март 2022 година Здружение на судиите на Република Северна Македонија во соработка и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и CEELI Институтот за владеење на правото како партнерска организација ја организираа VI - та Меѓународна конференција на тема „Судската независност низ реформскиот процес - очекувања и реалност“.
Профилот на учесници се состоеше од судии поканети од Регионални здруженија на судии, судии од подружници на Здружение на судии, членови на Судски совет на РСМ, како и правни советници од Амбасадaта на САД.
Во своите излагања учесниците споделија вредни дискусии за судската независност, судскиот интегритет и како да се зголеми пристапот до правда за да се поттикне довербата на јавноста во судството.
|