Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Седница на советодавното тело за судиска етика на судиите и судиите поротници на Здружение на судиите на Република Северна Македонија
 
February 04, 2020
 Седница на Советодавното тело за судиска етика на судиите и судиите поротници на Здружение на судиите на Република Северна Македонија

Денес во просториите на Здружение на судиите на Република Северна Македонија се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советодавното тело за судиска етика на која за Претседател беше избран судија Мирјана Радевска Стефкова - судија на Врховен суд на Република Северна Македонија.
На овој состанок се дискутираше за начинот на функционирање на ова Тело, при што беа договорени конкретни активности кои се однесуваат на ревидирање на деловникот за работа на Телото, донесување на Стратегија и разгледување на можни иницјативи кои се однесуваат на етички прашања на судиите и судиите поротници.
Телото за Судиска етика на судиите и судиите поротници е избрано од страна на Управниот одбор на ЗСРМ согласно новиот Кодекс за судиска етика и брои седум члена во состав:

1 Мирјана Радевска Стефкова - Судија на Врховен суд на Република Северна Македонија (Претседател)
2. Исмета Амет - Судија на Виш Управен суд на РСМ (член)
3. Александара Камбовски - Судија на Апелационен суд Битола (член)
4. Тодор Поп Панев - Судија на Основен суд Свети  Николе (член)
5. Рафис Идризи - Судија на Апелацонен суд Гостивар (член
6. Васка Николовска Масевска - Судија на Основен кривичен суд (член)
7. Дениција Андреевска Николовска - Судија - поротник на Основен граѓански суд (член)
Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)