Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Известување
 
February 22, 2016
     Центарот за правни истражувања и анализи, во рамки на проектот Развивање на индикатори за мониторинг на перформансите на правосудството, кој е поддржан од Британската амбасада Скопје, го стави во функција веб форумот кој претставува една од алатките за креирање на матрица за мерење на перформансите на правосудството. Врз основа на принципот на инклузивност, веб форумот има за цел да ги вклучи мислењата и ставовите на сите засегнати страни во судскиот процес, односно јавните институции, граѓанските организации, индивидуи итн.

Поставувањето на веб форумот следи по завршувањето на компаративната студија Мерење на напредокот на судските реформи: Клучни принципи, стандарди и практики во Македонија и 7 земји-членки на ЕУ: Хрватска, Естонија, Франција, Унгарија, Литванија, Словенија и Обединетото Кралство, како и серија на консултативни состаноци и тркалезни маси со сите релевантни институции и организации, со цел да придонесат кон содржината на матрицата.

За да можете да ги оставите Вашите коментари потребно е да се логирате на линкот во прилог со Вашата е-маил адреса. Коментирањето е анонимно и може да се употреби корисничко име по желба. Сите лични податоци, како и е-маил адресите, нема да бидат видливи ниту достапни за јавноста.

На самиот форум постои можност за отварање на нови теми, покрај постоечките.

За пристап до форумот кликнете на следниот линк: forum.cpia.mk/

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)