Претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити, оствари средба со новиот постојан правен советник Jason Corley при Програмата на OPDAT - Амбасадата на САД во Скопје.
На средбата, соговорниците разговараа за моменталните состојби во судството и идните чекори во контекст на реформските процеси. Претседателот Саити гo запозна со целите и тековните активности на Здружението и ја поздрави досегашната соработка со Програмата на OPDAT на Амбасадата на САД и истакна дека улогата на Здружението во реформските активности е од големо значење.
Соговорниците ја истакнаа потребата за понатамошна соработка во насока на зајакнување на судската независност и самостојност. |