Зајакнување на улогата на функционалноста на Судско-медиумскиот совет во државата. На ден 18 февруари 2021 година регионална фокус дискусија за судии и новинари од битолското апелациони подрачје.
Целта на ова тело е да воспостави дијалог меѓу новинарите и третата власт судиите, со една единствена цел за поголема транспарентност од една страна на судството, односно одлуките, пресудите што се носат да бидат што по видливи за поголемиот дел на граѓаните и поразбрани, а од друга страна и новинарите да можат на најдобар можен начин да ја вршат својата новинарска функција и да известуваат квалитетно од судските процеси. На овој начин планираме да се справиме и со дезинформациите, но и како тело и веднаш да кажам дека ова тело е вонсудство тело кое што постои и е основано од Здружение на судии со помош на американската амбасада и ги користи најдобрите американски практики од судот во Масачусетс“ рече Гордана Дувњак новинар, главен и одговорен уредник на „Фокус“ и член на Судско-медиумскиот совет.
Тимот на Судско-медиумскиот совет дејствува како претставник на Советот и координатор за комуникација помеѓу судскиот совет за медиуми и регионалните судии и новинари за прашања од нивен интерес.
„Би кажала дека Здружението на судии на Република Северна Македонија е всушност едно од најстарите струкови здруженија во нашата држава и прво јо препозна потребата од формирање на едно судско-медиумско тело се со цел да се зајакнат капацитетите на транспарентноиста на судството и судството како трета независна власт во државата да покаже поголема доблест во соработката со медиумите, бидејќи само доколку нашата правда која ја носиме во судниците биде пристапна и препознатлива од јавносита, само така може да се зачува интегритетот и авторитетот на судството. Имајќи ги предвид случувањата години наназад, сега и во последните неколку години и претходно, ќе кажеме дека препознавме дека точно знаеме да го препознаваме притискот и затоа сметам дека најдобро е судиите да работат на подигнување на својот интегритет и авторитет, а тоа може само преку вакви независни теле“ рече Д-р Едита Насковска-судија на Управен суд и член на Судско-медиумскиот совет.
Направена беше и куса презентација на Водичот за судска транспарентност и заложбите на Советот за промена на постојното законодавство.
Од денешната средба ќе се подготви извештај во кој ќе бидат наведени наодите и потребите на локалните судии и новинарите. |