Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
УСАИД СО ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИ ЗА ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ТЕЛОТО ЗА ЕТИКА НА СУДИИТЕ И СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ
 
February 22, 2022
 Денес, 22 февруари 2022 година, Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Здружението на судии на Република Северна Македонија беа домаќини на конференцијата „Функционализација и операционализација на Телото за етика на судиите и судиите поротници во Северна Македонија“.
За време на конференцијата, говорниците ја информираа општата и стручната јавност за целите и задачите на Телото за етика на судиите и судиите поротници, како и за активностите за зајакнување на неговите капацитети.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе обезбеди поддршка за промоција и видливост на Советодавното тело за судска етика формирано од Здружението на судии, организирање на меѓусебно вмрежување и обука за судии и судии - поротници во контекст на Кодексот за судиска етика, и ќе обезбеди експертска поддршка во анализата и ревизијата на Кодексот за судска етика.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете ги на YouTube, Твитер и Фејсбук.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)