Во просториите на Апелационен суд Штип на денешен ден се одржа Регионална дискусија со интерактивен форум (IFD), каде што членовите на СМС отворено разговараа со локалните засегнати страни во дебатен формат за должностите и надлежностите на Советот и можноста за помош во подобрување на имиџот на судството во јавноста и зајакнување на соработката помеѓу судиите и новнарите и на локално ниво. Свое поздравно обраќање имаше Данка Ристова - судија на Апелационен суд Штип. Излагачи на настанот беа:
· Судија Тодор Поп Панев, Претседател на Основен суд Свети Николе и Член на Судско - медиумиски совет (Излагач)
· Новинар Васко Маглешов, Новинар во „ Призма“ и Член на Судско - медиумски совет (Излагач)
· Судија Иван Џолев, Претседател на Основен кривичен суд Скопје и Претседател на Судско-медиумскиот совет (Излагач)
· Новинар Христина Беловска, Новинар во ТВ „24“ и Потпретседател на Судско-медиумски совет; (Излагач) 

|