Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Mислење- Советодавно тело за етика на судиите и судиите поротници
 
June 25, 2020
 

До Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници се поднесе иницјатива од страна на судија која содржеше прашање Дали судија може да ги користи социјалните медиуми како начин на комунијација со другите судии, односно колеги (обвинители, адвокати, професори, правници и др.) и до која мера може тој/таа да ги користи, односно треба да има?

Прашањето е од од областа на судиската транспарентност, односно во врска со користењето на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter и др.) од страна на судиите.

Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, на седница одржана на ден 22.06.2020 година, го донесе следното:

МИСЛЕЊЕ

Судијата како и секој граѓанин, го ужива правото на слобода на изразување, во границите на неговите законски права и обврски, начелата за судската власт, принципите за непристрасност, интегритет и пристојност, а во име на дигнитетот на судијата и судиската функција.

Со оглед што вршењето на судиската функција е предмет на постојано набљудување, судијата како во својот професионален така и во својот приватен живот, со своите изјави и активности на социјалните мрежи, медиуми и платформи, е должен да внимава да не го наруши својот углед, како и да се грижи за сочувување на довербата на јавноста во судскиот систем.

Судијата треба да ги користи социјалните медиуми со цел за приближување до јавноста на работата на судовите и подобрување на перцепцијата за судиската функција.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)