Во Апелационен суд Штип на денешен ден се одржа регионална работилница предвидена со проектот „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика“ финансиски подржана од страна Проект на USAID за граѓанско учество.
Целта на оваа активност е peer-to-peer вмрежување и запознавање на локалните судии со улогата и работата на Советодавниот совет како и презентација на можноста судиите да бидат ангажирани и да земат учество во неговите активности. Оваа работилница поттикна дебата за должностите и надлежностите на Советодавниот совет.
За време на работилниците се разговараше за Кодексот за судиска етика како и потребата од негова анализа, ревизија и подобрување.

|