Во периодот од 03-08 Септември 2011 година во Истанбул, Турција, се одржа светскиот конгрес на здруженијата на судии, на кој беа преставени 88 земји меѓу кои и Република Македонија и Здружението на судиите на Република Македонија. Организацијата на конгресот, односно на меѓународниот собир на здруженијата на судии беше светската и европската асоцијација на судии во соработка со Здружението на судии на Република Турција и Академијата за обука на судии и обвинители на Република Турција. Република Македонија беше преставувана од претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, судија Николчо Николовски и директорот на Академијата за судии и обвинители, судија Анета Арнаудовска.
Ценам дека со враќањето на Република Македонија, односно на Здружението на судиите на Република Македонија на ваквиот вид на средби и разменувањето на мислења и ставови на актуелни теми кои подеднакво ги засегаат здруженијата на судии и судската фела воопшто, во сите земји учеснички, ќе допринесе за афирмација на Здружението на судиите на Република Македонија во меѓународни рамки и ќе даде свој придонес во расправањето и разрешувањето на актуелните теми и прашања кои националните здруженија ги наметнуваат на ваков вид на средби.
Во прилог го објавуваме Збирниот извештај од состанокот на Европската Асоцијација на судии – регионална група на Меѓународното Здружение на судии.
Судија Николчо Николовски, претседател на Здружението на судии на Република Македонија
Извештај-Истамбул, 03-08 Септември.doc
EAJ summary report- ISTANBUL-ENG].doc |