Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа Регионална конференција по повод Денот на правосудството на тема „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес: Судија, Quo Vadis? “.
Конференцијата се одржи денес на 31 март 2022 година со почеток во 11:30 часот преку платформа ZOOM.
Во свечениот дел свои обраќања имаа:
§ Никола Тупанчески – министер за правда
§ Беса Адеми – претседателка на Врховниот суд на РСМ
§ Амбасадор Клеменс Која – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
§ Амбасадор Дејвид Гир – шеф на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија
§ Амбасадор Дирк Јан Коп – Амбасада на Кралството Холандија
Во работниот дел свои обраќања имаа:
§ Ана Павловска Данева – професорка на Правниот факултет „Јустинијан I“, Скопје,
§ Александар Шопов – судија на Основниот суд Велес
§ Бетим Јахја – судија на Основниот суд Тетово
§ Ѓорѓи Андонов – претседател на Основниот суд Штип
Цел на оваа конференција беше проверка односно верификација на сработеното, согласно Стратегијата за реформа на правосудниот систем, и идните правци на развој, на нашиот судски систем, со фокус на судијата со интегритет, и транспарентен и доверлив правосуден систем. |