Во врска со последното соопштение од страна на Основниот кривичен суд Скопје, од името на Здружението на судиите на Република Северна Македонија Ве известувам дека Протоколот за работа на судовите во услови на КОВИД-19 е изготвен како дел од проектната соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и вклучува печатење на постери и флаери со преработена содржина која е едноставна за примена во практиката. Во текот на следната недела Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружение на судиите на РСМ ќе дистрибуираат доволен број примероци и од постерите и од флаерите до секој суд во државата, согласно неговата големина.
Документот објавен на страната на Основниот кривичен суд Скопје е екстензивна и технички дополнета верзија на Протоколот која треба да им послужи на претседателите на судовите како дополнителен насочник во зависност од спецификите и условите на секој суд поединечно.
Од името на ЗСРМ би сакал да се заблагодарам на Мисијата на ОБСЕ и нејзиниот отсек за владеење на правото и човекови права за препознавањето на важноста на оваа активност и подршката во нејзината реализација.
На ден 17 септември 2020 година на седница на Управен одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија беше усвоен Протоколот за работа на судовите во услови на КОВИД 19 во прилог на македонски јазик ПРОТОКОЛ.pdf Протокол брошура мк 1.pdf Протокол брошура мк 2.pdf и на албански јазик PROTOKOLLI AL.pdf Protokolli broshura al 1.pdf Protokolli broshura al 2.pdf
Претседател,
Д-р Џемали Саити |