На 17.01.2019 година Претседателот на Здружението на судиите судија д-р. Џемали Саити оствари средба со Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, проф.д-р. Наташа Габер Дамјановска.
На состанокот беше дискутирано за унапредување на соработката помеѓу двете институции, преку конкретни активности кои ќе ги одразат потребите и интересите на судиите во насока на градење на мерки на независност и интегритет со цел владеење на правото и правната држава.
|