Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Здружението на судиите на Република Македонија го честита денот на правосудството
 
March 29, 2013

 На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околински судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова, 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно поставување на темелите на судството во Република Македонија.


Функционирањето на судството, како носител на сегмент од власта кој се грижи за обезбедување и афирмација на правната сигурност, има круцијална улога во доследното почитување на принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права што овозможува реализација и унапредување на високите цивилизациски и општоприфатени идеи и стандарди за демократија во општеството.

Во Република Македонија традицијата во судството бележи повеќе периоди во кои судството се формирало и ја извршувало судската функција. Првата етапа од развојот на правосудниот систем во Македонија започнува со правосудсвото на МРО како составен дел од структурата на Македонската револуционерна организација и како паралелна судска институција, преку која се остварувала организациската власт и законодавство на еден дел од територијата на Отоманската Империја. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, Македонската револуционерна организација започнала со изградба на својата организациска мрежа и револуционерна власт, а паралелно започнал и процесот на создавање на револуционерното правосудство. Формално-правно, основите на револуционерното правосудство се етаблирани во Првиот устав и Првиот правилник на Македонската револуционерна организација од 1894 година, во кој биле регулирани правата и обврските на организациските членови, како и казните и нивните извршители. Во тој период, Организацијата започнала да ја контролира територијата, а првите напори за создавање на граѓанските судови својата конечна физиономија ја добиваат со Правилникот на ВМОРО, донесен на Рилскиот конгрес во 1905 година.


Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија, почнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи. На 20 октомври 1944 година е донесено решение на президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата ке се вршат во рамките на народноослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови – судовите на партизанските одреди, во овој период се јавуваат како хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на Македонија, сепак се карактеристични по две нешта и тоа, прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и органи кои се одвоени од воената структура, како таква доминантна во сите сфери на живеењето во тој период.


На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околински судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова, 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно поставување на темелите на судството во Република Македонија.

Здружението на судиите на Република Македонија на сите судии, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители, судски службеници и судски советници, судска полиција и на сите вработени во судовите им го честита денот на правосудството со надеж и желби за понатамошнен развој на унапредување на правната мисла и владеење на правото.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)