Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
IVТА ОХРИДСКА МЕЃУНАРОДНА СУДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА
 
November 14, 2019

На 13ти ноември Претседателот на Здружението на судиите на Северна Македонија, судија д-р Џемали Саити заедно со г-ѓа Дајана Палекин од Амбасадата на САД во РСМ и г-ѓа Фрида  Грили од CEELI Институтот за владеење на правото во Чешка, ја отворија 4та Меѓународна Охридска Судска Конференција на тема „Обструкција на правдата како закана за судиската независност и транспарентност“.

Во нивните излагања ги повикаа судиските лидери на Северна Македонија да останат фокусирани и посветени  на клучните реформски приоритети потребни за Евро-интеграциите на земјата и изградба на конзистентни и отпорни институции за владеење на правото. Преку 40 меѓународни, регионални и домашни судии се вклучија во плодна расправа за обструкција на правдата, независноста на слободното судиско уверување при донесување на одлуки без селективност или пристрасност, почитување на принципот на поделба на властите и меѓународна соработка во кривичната материја.

Форумот беше имплементиран од страна на Здружението на судиите на Северна Македонија со поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и CEELI Институтот за владеење на правото на која беа усвоени прелиминарните заклучоци кои ќе бидат дополнително објавени.

Конференцијата беше одржана 12-14ти ноември 2019 година во Охрид.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)