На ден 15.6.2016 година претседателот на Здружение на судиите на Република Македонија д-р, Џемали Саити и судија Шпенд Деваја, член на Управен одбор на Здружението, одржаа средба со Министерот за правда г-дин Валдет Џафери.
На оваа средба претседателот го информираше министерот за превземените и планирани активности од страна на Здружението на судиите на Република Македонија, со посебен акцент на активностите кои се однесуваат на јакнењето на независноста и самостојноста на судството, статусот на судиите и особено активностите кои се однесуваат на спроведувањето на Кодексот за судиска етика односно конституирањето на Советодавното тело за судиска етика на судиите во Република Македонија. Претседателот на Здружението и министерот за правда на оваа средба разговараа и за штрајкот на судската служба, при тоа беа разгледани евентуални можни решенија во однос на истакнатите барања.
Оваа средба е реализирана на иницијатива на претседателот на Здружение на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, на која беа разгледани и други прашања од заеднички интерес. |