Здружението на судиите на Република Македонија ги осудува протестите како израз на незадоволство од пресудата на судот за случајот „Монструм“.
Здружението признава право на мирни протести како јавно и масовно изразување незадоволство кон некого или кон нешто, но строго го осудува петочниот напад врз зградата на судот, укажувајќи дека секој совесен човек треба да знае дека одбраната и застапувањето на своите интереси не смее да биде интерпретирано преку насилни протести.
Улицата не е место каде се задоволува правдата, напротив таа се остварува во институциите. Зградите на Судовите се само објекти, а судиите се тие кои правораздаваат согласно со закон.
Здружението апелира на воздржување од протести кои очебијно тој што ги организира не сака или неможе да ги контролира, а со тоа, и избегнување на конфликтни ситуации.
Доколку има сомневање за законитоста на првостепената пресуда, Уставот на РМ гарантира право на жалба, а со закон е регулирано во кој рок и до кој суд. Ова неможе, да не им е познато на тие што во име на нивната правда ги кршат прозорците на зградите на судовите, кои ќе се платат дел и од самите нив како даночни обврзници.
|