На ден 31.03.2023 година, во организација на Здружението на судии на Република Северна Македонија, а со поддршка на OБСЕ Мисијата во Скопје, по повод денот на Правосудство на РСМ, се одржа регионална конференција, на тема: “ ДА СЕ ЗАДРЖИ ОТПОРНОСТА И НЕПРИСТРАСНОСТА: ПОГЛЕД НИЗ ПРИЗМАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ ”.
Во свечениот дел свои обраќања имаа: Амбасадорот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Килијан Вал, Претседателката на Врховниот суд на РСМ, судија Беса Адеми, Претседателката на Судски Совет на РСМ, г-ѓа Весна Дамева, Ерик Мајер, заменик шеф на Мисија - Амбасада на САД во Северна Македонија и Роберт Декер, заменик амбасадор - Амбасада на Кралството Холандија. Панелистите Маргарита Цаца - Николовска поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права, претседателка на Институтот за човекови права и Лидија Димова, претседателка на Основниот суд Велес, членка на Советодавното тело за судска етика при Здружението на судиите се осврнаа на Улогата на Здружението на судиите во развивањето судиска отпорност на корупција. Панелистите Мирјана Лазарова - Трајковска, судијка на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Жарко Хаџи - Зафиров, адвокат, претставник на Блупринт мрежа на граѓански организации зборуваа за Ефикасност и ефективност на судскиот систем од перспективата на Здружение на судиите на Република Севернa Македонијa. На конференцијата се донесоа следните: Заклучоци - Денови на правосудството 2023.doc

·
|