Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити на ден 05.5.2016 година оствари средба со претседателот на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, проф. д-р Трпе Стојановски и проф. д-р Љупчо Арнаудовски, главен и одговорен уредник на Македонската ревија за казнено право и криминологија. На оваа средба се дискутираше за продолжување на соработката помеѓу двете здруженија за важни теми од областа на казненото право, а особено акцентирајќи ја потребата за подигнување на свеста на експертската јавност преку актуелизирање на издавачката дејност. |