Почитувани,
Здружението на судиите на Република Северна Македонија има потреба за ангажирање на 1(едно лице) Стручен соработник - проектен асистент за временски период од 6 месеци, за имплементација на програмските активности на Здружението за 2019-2020 година.
Кандидатот потребно е да ги исполнува следните општи и посебни услови:
- Дипломиран правник со стекнати 180 ЕКТС кредити - Активно да го познава англискиот јазик. - Искуство со општи административни работи. - Познавање на работа со компјутер (Word, Excell, Outlook) - Способност за работа во тим - Солидни рганизациски и комуникациски сподобности.
Од кандидатот се очекува: - Административна асистенција во имплементацијата на програмските активности на Здружението. - Организација и следење на активностите на Управниот одбор и другите тела на Здружението. - Подготовка на записници и други документи во склоп на општиот концепт на работата на Здружението и програмските активности. - Да врши кореспонденција со подружниците на Здруженеито. - Да изготувува периодични извештаи за активностите на Здружението
Сите поканети кандидати кои ги исполнуваа овие услови ќе бидат поканети за разговор пред Комисија најдоцна 7 дена по завршувањето на рокот во конкурсот.
Ве молиме сите документи и кратка биографија да ги испратите vo rok od 5 rabotni dena, најдоцна до петок (25.10.2019 година) на mja@mja.org.mk
|