На ден 24.05.2011 година е пуштена во употреба новата интерактивна веб страница на Здружението на судиите на Република која беше финансиски подржана од УСАИД – Македонија.
Оттука, Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, Г-дин Николчо Николовски, судија на Врховниот суд на Република Македонија има чест и задоволство да ве информира дека новата интерактивна веб страница на Здружението на судиите на Република Македонија ќе допринесе во насока на транспарентноста во работата на Здружението на судиите на Република Македонија и ќе им даде можност на судиите во Република Македонија, користејќи ја како своја алатка да ги следат современите текови и информатичко општество.
За таа цел новата веб страница ќе понуди нови содржини, редовно ажурирање на истите и информирање за активностите на Здружението на судиите на Република Македонија.
За прв пат ќе биде понудено ново решение во однос на најреферентните правни и стручни списанија кои ги издава Здружението на судии на Република Македонија, а тоа се: Судиската ревија и Судискиот Информатор да бидат објавувани на веб страницата на Здружението на судиите на Република Македонија во електронска форма.
Ова подразбира и архива на списанијата од минатите години.
Како новина ќе биде понуден и форумот за дискусија, со можност судиите и другите заинтересирани лица поврзнаи со правото и развојот на правната мисла со претходна регистрација да можат со непосредна комуникација да разменуваат мислења и да даваат свои предлози и сугестии.
Ви посакувам успешно користење на веб страницата на Здружението на судиите на Република Македонија и се надевам дека истата ќе ви помогне во проширувањето на вашите правни познавања и ќе даде нова димензија на вашите досегашни знаења и искуства. |