РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИТЕ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА КРЕНАР ЛОГА
На 09.05.2023 година во просториите на Здружение на судии се одржа работна средба на Претседателот на Здружение на судиите на РСМ,судија д-р Џемали Саити и судија Шпенд Деваја, претседател на Советодавното тело за судиска етика, со министерот за правда Кренар Лога, на која се разговараше за актуелните состојби во судството, со акцент на последните случувања во Судскиот совет на РСМ.
На состанокот се разговараше за состојбите во судството и актуелните случувања во Судскиот совет. Беше истакната заедничката заложбата за итни законски интервенции во Законот за судски совет и потребата од воспоставување на видливи и ефикасни механизми за утврдување на евентуална одговорност, односно отповикување на членовите на Судскиот освет, притоа промовирајќи ги механизмите на судска саморегулација преку зголемување на улогата на Здружението на судии.
Од страна на претседателот на ЗСРСМ, министерот беше информиран за тековните активниости на Здружението на судии, во контекст на статусните прашања на судиите, активностите во однос на независноста и самостојноста на судскиот систем, како и ставот на Здружението за последните случувањаво контекст на нарушената доверба и мерките кои се преземаат во насока на подобрување на истата.
Министерот Лога, ги презентираше своите видувања во однос на овие и други прашања кои се однесуваат на ефикасноста и независноста на судскиот систем, притоа фокусирајќи се на новата Стратегија која е во изработка и прашањата кои се опфатени во истата. Министерот ја истакна потребата од зголемување на напорите на судиите во насока на придобивање на довербата на граѓаните, притоа ја истакна потребата од континуирана надградба на правната регулатива која би придонела кон евитирање на евентуалните правни недоследности при постапувањето на судиите и судските органи.

 |