Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставувано од претседателот судија д-р Џемали Саити, и Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, претставуван од претседателот судија Иван Џолев и Министерството за правда на Република Северна Македонија, претставувано од м-р Бојан Маричиќ, министер за правда на Република Северна Македонија на денешен ден 26 февруари 2021 година, во Скопје склучија Меморандум за соработка.
Страните потписнички се договорија за зајакнување на соработката на теми од заеднички интерес и истата ќе се оствари преку:
Поддршка во подготовката на Стратегија за зајакнување на судската транспарентност, предвидена како основна цел во проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско-медиумскиот совет“, имплементиран од Здружението на судии на Република Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите американски држави во Република Северна Македонија, како и подготовка и промоција на други документи од областа на судската транспарентност и односите со медиумите.
Вклучување и учество на членови од Судско медиумскиот совет во работните групи во Министерството за правда за подготовка на закони.
Стручна помош за конкретни проекти од областа на судско-медиумската соработка.
 |