Претседателот Пендаровски нагласи дека главен предуслов за напредокот на секоја државата е токму владеењето на правото, односно, неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите.
Тоа, нагласи Претседателот, се придобивки од коишто, посредно или непосредно, се засегнати сите граѓани во Република Северна Македонија. Доследното практикување на правната држава е од витален интерес за нашите граѓани, рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека тоа е едно клучните барања на Европската унија, во пресрет на одредување на датум за почеток на пристапните преговори на нашата држава. |