Трудовите треба да бидат прецизирани и адаптирани согласно 4 (четирите) предвидени теми што се однесуваат на зајакнување на независноста на судството и судиите и пристапот до правдата, односно: -Казнена политика на судовите во РМ: актуелни предизвици и предлог решенија; -Зајакнување на независноста на судството преку ревидирање на законските механизми за одговорност на судиите (кривична, граѓанска и дисциплинска); - Подобрување на транспаретноста на судството; - Реформа на судството во насока на јакнење на неговата независност и непристрасност.
Сите трудови мора да бидат испратени најдоцна до 20-ноември (понеделник), 2017 година на електронската адреса на Здружението на судии на Република Македонија (mja@mja.org.mk) со наслов„Судиска ревија 2/2017“. Избраните автори ќе бидат известени најдоцна до 27-ми ноеври 2017 година. Селекцијата на трудовите ќе се изврши согласно внатрешните правила и механизми за селекција на трудови за објавување во ревијата, издадени од Уредувакиот одбор односно: 1) Трудот треба да се достави во електронска форма во Word (Doc или Docx) формат. 2) Само трудовите напишани на македонски, англиски, српски или хрватски јазик ќе бидат земени во предвид. 3) Трудовите да бидат во обем од најмногу еден авторски табак (16 страници) пишувани со фонт: Times New Roman, големина на букви – 12, проред 1,5; 4) Фуснотите во текстот треба да бидат напишани во фонт Calibri, со големина на букви – 10. 5) Трудот треба да содржи Апстракт од 300 зборови, 5(пет) клучни збора и кратка биографија за авторот/те во првата фуснота, напишани и на македонски и на англиски јазик. (Биографските податоци за авторите ќе бидат додадени по оценнувањето на трудот). 6) Поврзаноста на трудот со предвидените теми.
|