Соопштение:
На денешен ден 10.02.2022 година се одржа XI– тата седница на Управниот одбор на Здружение на судиите на РСМ, на која беше усвоена Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите 2022-2024 година.
На оваа седница Управниот одбор расправање и за моменталната состојба за материјалниот статус на судиите и досега преземените активности и при тоа заклучи дека договорните активности со Владата на РСМ низ долгогодишниот дијалог, а во насока на подобрување на материјалниот статус на судиите не се реализирани во целост од страна на Владата на РСМ.
Согледувајќи ја моменталната состојба во однос на трошоците на живот како и фактот дека суштински договорените активности со Владата на РСМ не се реализирани во однос на буџетирањето и платите на судиите, на денешната седница Управниот одбор формираше работна група која ќе изготви нови барања кон надлежните институции со конкретни рокови за реализација. Во спротивно согласно консултациите со членството, Здружение на судиите на Република Северна Македонија, ќе преземе друѓи мерки за остварување на своите цели.
Скопје, 10 февруари 2022 година.
ЗСРСМ – Управен одбор - Претседател
д-р Џемали Саити – судија на ВСРСМ |