Во организација на Врховниот суд на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија, во соработка со CEELI Institute Prague и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, ќе се одржи Прва меѓународна судска конференција од 28-29 Октомври 2016 година, во Охрид, Република Македонија на тема „Независно судство“.
На коференцијата, во рамки на континуираните напори за независност и непристрасност на судството, ќе бидат опфатени темите во врска со предизвиците, добрите практики и искуства за независно судство во поглед на законодавната, финансиска и функционална независност; поддршка на позитивната перцепција за судството и почитување на неговата независност; континуираната едукација и судската етика; транспарентното судство и односот со медиумите.
На конференцијата ќе присуствуваат претседателот и судии на Врховниот суд на Република Македонија, претседатели и судии на апелационите и основните судови, претседателот и судии членови на Здружението на судии на Република Македонија, претседатели и судии на Врховни судови, Здруженија на судии, судии од судската мрежа CEELI Institute Prague на земјите учеснички, како и претставници на CEELI Institute Prague и Амбасадата на САД во Република Македонија. |