Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Извадок од записникот со Заклучок од XV седница на Управен Одбор одржана на 14.12.2012 година
 
January 10, 2013
 

    По однос на третата точка од дневниот ред, разгледување на анкетен прашалник на Институтот за човекови права „Независноста на судството во Република Македонија - перцепција, потешкотии и предизвици“, Претседателот Николчо Николовски истакна дека целта на ЗСРМ не е да спречува спроведување ваков тип на анкети, односно да става забрана на спроведувањетo на анкети со судиите. Но, наведе, имајќи во предвид како се поставени прашањата и начинот како Институтот за човекови права како носител на проектот заедно со канцеларијата на УСАИД во Скопје го реализира проектот преку достава на прашалници, директно до судиите, предизвика потребa да се постави оваа точка на Дневен Ред се со цел темата која e доста респектибилна, a се однесува на независност на судството, да не се претвори во произволно и нестручно опсервирање заклучоци, кои нема да соодветствуваат со мислењата на судиите.

    Претседателот наведе дека има одредени нелогичности во поглед на овој прашалник бидејќи кога се работи на анонимност не треба да се бара името и презимето на анкетираниот, што во овој случај не е така бидејќи на прашалникот стои графа со име и презиме и смета дека ваквиот прашалник не кореспондира со анонимност. Начинот како се поставени прашањата дава да се стави резерва дaли прашалникoт ќе даде реална слика за состојбите во судството и неговата независност. Исто така, се нема сознаније дали анализата ќе соодветствува на дадените одговори од анкетниот прашалник, бидејќи не се дава можност ЗСРМ да учествува во реализација на проектот, во неговиот завршен дел. Поради сето ова Претседателот побара мислење од членовите на Управниот одбор дали да се стави резерва по однос на прашањата и дадените одговори, па со согласност на сите присутни членови на УO се донесе следниот

    ЗАКЛУЧОК: Здружението на судиите на Република Македонија изразува резерва и сомневање во обработката и објективноста на податоците од анкетниот прашалник на Институтот за човекови права, насловен како Независност на судството во Република Македонија –перцепција, потешкотии и предизвици.

    Ова особено што Институтот за човекови права во реализација на својот проект не го консултира ЗСРМ, и до судиите во Судовите во РМ достави прашалници со барање тие да бидат одговорени анонимно.

    Резервата и сомневањето кои ЗСРМ ги има, се во врска со обработката и објективноста на податоците од анкетниот прашалник, бидејќи не се знае кој е минималниот број, односно репрезентативниот број на анкетирани судии кои ќе го пополнат прашалникот и ќе дадат одговори на поставените прашања релевантни, за анкетата да се смета за успешна. Воедно, концептот на прашалникот не гарантира анонимност на судиите, кое земено во целина дава за право ЗСРМ да се огради од ваквиот вид анкетирање на судиите.

    Овој Заклучок да се достави до Подружниците на ЗСРМ и да се објави на WEB – страната на Здружението.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)