ХХХII СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 16.12.2019 година
Врз основа на член 21 од Статутот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, на 16.12.2019 година се одржа XXXII седница на Управниот одбор на Здружението, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записници од :XXVIII; XXIX; XXX; XXXI седница на Управниот одбор.
2. Расправа за актуелните состојби во правосудниот систем.
3. Расправа за платите на судиите.
4. Предлог - измени и дополнувања на Кодексот за судиска етика.
5. Информација за пристигнати предлози за членови на Телото за судиска етика – натамошни активности.
6. Разно.
ЗАКЛУЧОК ОД ХХХII СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Точка 1 – Расправа за актуелната состојба во правосудниот систем.
Расправајќи за актуелната состојба на правосудниот систем со акцент на јавните повици за ветинг, прочистување односно проверка на работата на судиите, Управниот одбор на Здружението на судиите откако дебатираше за поимот „ветинг“ и неговата условеност со поголеми општествено политички промени и други општествени аномалии ( аномалии како замена за зборовите: постоење на висок степен на корупција ) целите и резултатите кои треба да се постигнат, заклучи дека нашиот правосуден систем не е во состојба која импонира потреба од една таква широка проверка на работата на судиите, надвор од постојните институции утврдени со актуелната законска регулатива.
Управниот одбор ги подржува активностите на Државната комисија за спречување на корупција и Судскиот Совет на РСМ, и смета дека проверката на работата на судиите и нивното однесување е континуирана работа во надлежност на овие две институции, притоа Управниот одбор ги охрабрува судиите да покажат професионалност и интегритет во нивното постапување и соодветно поставување кон новонастанатите состојби, притоа, Управниот одбор апелира на воздржаност и негенерализирање при изнесувањето на јавните квалификации за состојбата во правосудниот систем.
Управниот одбор донесе заклучок да се иницира унификација на ставовите со Врховен суд и Судски Совет на Република Северна Македонија, во однос на ова прашање.
Претсeдател, др.ЏЕМАЛИ САИТИ |