Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
69 години од поставување на темелите на судството во Република Македонија
 
March 31, 2014

Здружението на судиите на Република Македонија го честита ДЕНОТ НА ПРАВОСУДСТВОТО.

Во продолжение е прикажан дизајнот на судиската тога во некои држави во Европа.  

Во многу општетства во светот судиската професија се смета за кариера со репутација. Судиите уживаат голема почит извршувајќи ги своите должности чесно, мудро и достоинствено.

Историски гледано, судиската функција ја извршувале членови на општеството претежно од високите класи и секогаш биле облечени во впечатлива долга наметка, денес позната како судиска тога. Зошто судии носат црно?

Судиската тога во повеќето земји во светот е претежно црна. Оваа традиција се вели дека започнала во 17 век во Англија. Во 1694 сите судии во државата присуствувале на погребот на кралицата Марија, облечени во црни облеки во знак на жалост. Официјалниот период за жалење траел многу години, и се поклопува со голем дел од колонијалните авантури на Велика Британија во други земји. На овој начин традицијата за црна тога се проширила низ целиот свет. Црвената е втората најпопуларна боја на судска тога, што најверојатно го одразува фактот дека црвената во минатото била боја поврзана со кралското семејство.

Во продолжение е прикажан дизајнот на судиската тога во некои држави во Европа.
 
Велика Британија

Судија на кривичен суд                Судија на граѓански суд           



Како и сè друго во Велика Британија, британските судски тоги се дизајнирани согласно огромен број на древни традиции, обичаи и закони. Многу од овие правила датираат од 14-тиот век, што го прави современиот британски судскиот систем  еден од најстарите во светот.


Шкотска

 Судија на апелационен суд   
                                   


И покрај фактот што Шкотска е компонентен дел од Велика Британија, имаат дистинктивен судски систем и судиите носат различна тога.


Франција

  Судија на кривичен суд         Судија на апелационен суд        Судија на Врховен суд       
                                                        


Француските судии се познати по црвената тога, но судиите на пониските судови носат обична црна тога како во Велика Британија. И машките и женските судии носат бела марама како јака.


Германија

Судии на Уставен суд  Судија на Феделарен суд  Судија на понизок суд            
                                                                                      


Судиската тога во Германија е прилично стандардизирана.Во основа, варира во различни комбинации на боја на тога, што претставува различен ранг.


Русија, Украина и Хрватска
                                                                                                                                   


За време на комунистичките денови судиите не носеле тога, затоа што се сметала за симбол на стариот аристократски поредок. Денес, судиите носат различна тога со едноставен дизајн.




Република Македонија




Судија на Врховен суд на Република Македонија




Судија на Апелационен суд на Република Македонија

Тогата на судиите во Република Македонија е во црна боја. Различниот ранг на судијата е обележан со различни детали во ракавите на тогата.



Извор:
http://www.filibustercartoons.com/judges.htm



Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)