На денешен ден 09.02.2021 година се одржа Регионална фокус дискусија за судии и новинари на апелациско подрачје Гостивар предвидена со десет месечениот проект „ Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско-медиумскиот совет на Република Северна Македонија “ со подршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Настанот започна со поздравно обраќање на претседателот на Апелационен суд Гостивар, судија Беким Мехмеди, како домаќин и проследено со излагање на судија Шпенд Деваја - судија на Врховен суд на РСМ и новинар Соња Колевска Делевска - САКАМ ДА КАЖАМ.МК претставници на Судско-медиумскиот совет. Соговорниците направија кратка презентација на Водичот за судска транспарентност и заложбите на Советот за промена на постојното законодавство, содржана во него. Целта на оваа активност беше запознавање на локалните судии и новинари со улогата и работата на Советот и можноста да бидат ангажирани и да земат учество во активностите и дискусиите на Советот. Тимот на Судско-медиумскиот совет дејствуваше како претставник на Советот и координатор за комуникација помеѓу Судскиот совет за медиуми и регионалните судии и новинари, за сите прашања од нивен интерес. Членовите на СМС отворено разговараа со локалните засегнати страни во дебатен формат за должностите и надлежностите на Советот и можноста за помош во подобрување на имиџот на судството во јавноста и зајакнување на соработката помеѓу судиите и новинарите и на локално ниво.
|