Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник

СУДИСКА РЕВИЈА

Имаме чест и задоволство да Ве известиме за новите можности со стартувањето на новата интерактивна веб страна на Здружението на судии на Република Македонија. За првпат се отвара можност Судиската ревија како единствено стручно списание кое во писмена форма се печатеше од 1995 година па се до 2010 година, да се издава во електронска форма.

Имајќи ги во предвид целите и задачите на Здружението на судиите согласно Статутот на Здружението на судии на Република Македонија за јакнење на професионалниот и општествениот статус на судиите и градење на доверба во судството пред граѓаните на Република Македонија, се отвори потреба списанието Судиска ревија како специјализирано списание во кое се објавуваат трудови и статии од разни области на правниот живот, толкувања и примена на правни прописи и правила, меѓународни договори и конвенции, погледи врз организацијата на судството, статусот на судијата и слично, се со цел преку електронска форма да се доближи до сите целни групи како судиите, истакнати правници, адвокати, професори на начин преку намалени трошоци за публикување на Судиската ревија.

Ова подразбира дека во иднина текстовите ќе се примаат во електронска форма преку официјалниот сајт на Здружението на судии на Република Македонија – www.mja.org.mk кои потоа ќе бидат разгледувани и редактирани од страна на Редакцискиот одбор.

Се надеваме дека со ова ќе допринесеме и ќе ја доближиме Судиската ревија до сите Вас кои сте заинтересирани и сакате да дадете свој придонес во развојот на правната мисла, доградбата и надградбата на судската пракса и други теми кои се од интерес на судската фела во Република Македонија.

Исто така сакаме да Ве известиме дека за сите редактирани и одобрени текстови кои потоа ќе бидат објавени во Судиската Ревија, ќе бидат исплатени соодветни надоместоци согласно “Правилникот за наплата на авторски и друг труд при издавање на стручното списание Судиска Ревија” од 13.12.2001 година.

Правилник за начинот на издавање на стручното списание Судиска Ревија

Pravilnik za sudiska revija.pdf

Одлука за промена на формата и начинот на издавање на стручното списание Судиска Ревија од пишана во електронска форма

Odluka.pdf

Преземете го програмот за преглед на  PDF документи



За да го контактирате уредникот кликнете тука

Судска ревија бр.1-2/2010

f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)