Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на 26.04.2022 година ја одржа XIII – та седница, на која расправаше за реализација на aктивностите за подобрување на материјалниот статус на судиите и ги усвои следните:
Заклучоци:
1. Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, ги реафирмирa заложбите за целосно исполнување на барањата на судиите дефинирани во Стратегијата и Предлог активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите.
2. Расправајќи по Заклучоците од XII – тата седница, Управниот одбор ги разгледа активности за подобрување на материјалниот статус на судиите, и притоа констатира дека од страна на Владата на РСМ се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15%, и изрази очекување дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието на РСМ.
3. Тргнувајќи од горните констатации и определбата на органите и телата на ЗСРСМ и судиите, за решавање на спорните прашања низ дијалог, Управниот одбор донесе одлука да се пролонгира предупредувачки протест, најавен за ден 28.04.2022 година.
4. Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РСМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби.
Заклучоците ќе бидат доставени до Министерството за правда при Владата на РСМ, претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите.
Скопје, 26.04.2022 година.
Управен одбор на ЗСРСМ
д-р Џемали Саити - Претседател |