Здружението на судиите на Северна Македонија, во рамки на проектот „Зајакнување на функционалноста на Советодавното тело за судиска етика„ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија одржаа регионална промоција на правната Анализа за стандардите и принципите на судиската етика. Анализата претставува сублимат на регионаллните и европските стандарди и принципи за судиска етика, како и работата на Советодавните тела за етика во Регионот. Претседателот д-р Џемали Саити и м-р Андреј Божиновски, правен советник во Здружението на судии ги презентираа пред присутните етичките начела стипулирани во новиот Кодекс за судиска етика изработен од страна на Здружението согласно препораките од ГРЕКО Извештајот за Северна Македонија - четврта рунда на евалуација. |