Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
XI-то Редовно Годишно Собрание на Здружението на судиите на Република Македонија
 
March 25, 2016
 
    Здружението на судиите на Република Македонија одржа седница на XI-то Редовно Годишно Собрание на 24.3.2016 година во амфитеатарот на МАНУ. По усвоената оставка на досегашниот претседател Николчо Николовски, делегатите во рамките на работниот дел на седницата избраа нов претседател на Здружението на судиите на Република Македонија. 

    За нов претседател е избран д-р Џемали Саити, судија на Врховен Суд на Република Македонија.


    Д-р Џемали Саити е роден на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје. Основното и средно образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Правен факултет Скопје– правосудна насока на 21.03.1991 година. Се стекнува со Уверение за положен Правосудениот испит на 24.06.1996 година. Последипломски студии: - Магистар на правни науки – Правен факултет при Државниот Тетовски Универзитет на тема: “Примената на посебните истражни мерки“. - Доктор на правни науки - Правен факултет “Јустинијан први“ Скопје. Одбрана на докторската дисертација на 06.11.2012 година под наслов “Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“ . На 18.8.2011 година е избран за судија во Виш Управен суд. На 25.12.2012 година е избран за судија во Врховен суд на РМ.
Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)