Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Претседателот на Здружение на судиите на Република Македонија д-р Џемали Саити оствари средба со Премиерот Спасовски
 
January 23, 2020
 

Превземено од www.vlada.mk

Премиерот Спасовски на средбата со Здружението на судии: Низ дијалог и инклузивен процес ќе дојдеме до решенија од интерес на судиите и судството

Премиерот на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска прими Делегација на Здружение на судии предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити. На средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Десковска.

Премиерот истакна дека Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судии до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.

- Овој процес треба да се води низ дијалог и партнерство. Врз основа на вашиот предлог за зголемување на платите, потребно е да се направи анализа и во Министерството за финансии и да се утврди динамиката на изготвување законско решение за овие барања – им порача Спасовски на судиите.

Претседателот на здружението на судии д-р Џемали Саити изрази задоволство од текот на дијалогот со Владата и од инклузивниот процес кој овозможува решавање на прашањата од интерес на судиите и судството.

Претставниците на Здружението истакнаа дека продолжуваат разговорите со Владата и дека е забележан напредок за сите отворени прашања. Разговорите за зголемување на коефициентот на платите продолжуваат и беше потврдено дека за ова прашање веќе е формирана работна група.

Претставниците на Здружението на судии изразија оптимизам и од претходната средба со Министерката за правда Рената Десковска.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)