Управниот обор на Здружението на судиите на РМ на XXVII- мата седница која се одржа на 06.06.2019 година, ја разгледа информацијата на претседателот на ЗСРМ испратена до подружниците на 30.05.2019 година за состојбата поврзана со платите и додатоците на плата на судиите и расправаше за истата, при што ги поддржа и поздрави активностите на Судско-буџетскиот совет кои се однесуваат на исплата на заостанатите додатоци на плата со конкретно утврдена временска динамика и начин на исплата, со надеж дека во најбрз можен рок ќе дојде до реализација. Притоа, ги повикува сите чинители на овој процес да постапат согласно своите надлежности и утврдени обврски во одлуките на Судско-буџетскиот совет.
Во рамки на активноста која се однесува на измените и дополнувањата на Законот за платите на судиите, како дел од предлог-мерките кои ЗСРМ ги договори со Владата на РСМ, Ве информираме дека со решение бр.21-1290/4 пд 27.05.2019 година, формирана е Работна група за изготвување на предлог измените на Законот за платите на судиите, која ќе одржи состанок на 24.06.2019 година со почеток во 13:00 часот.
Прилог:
- Решение за формирање на Работна група
|