Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа
 
November 05, 2020
 
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити со свое воведно обраќање учествуваше на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа кој се одржа на 16 и 17 октомври 2020 година во организација на AIRE Центарот и Организацијата Civil Rights Defenders. Темата на форумот беше КОВИД-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права.  
  Целта на овогодинешниот Форум беше промовирање на спроведувањето на  Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да се поттикне регионалната соработка во услови на континуиран развој на владеењето на правото и човековите права и да се помогне во процесот на интеграција на регионот во Европската Унија. Настанот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Владата на Шведска,  и Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
 Форум беше организиран во поинаков формат заради кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19.
Централната конференција се одржа во Стразбур, а претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија партиципираше онлајн од Скопје, додека другите учесници учествуваа онлајн од Белград, Сараево, Тирана, Подгорица, Загреб и Приштина.

 

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)